ПРЕГОВОРИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА KPИЗАТА: Мета денес ќе започне консултации со политичките партии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот претседател Илир Мета доцна попладнево ќе ги почне консултациите со политичките партии, во функција на надминување на политичката kpиза во земјата.

Според најавите се очекува на средбите да се разговара и за одредување на новиот датум за одржување на локалните избори, кои Мета најпрво ги закажа за 30 јуни, но како што образложи со цел да се избегне ескалација на kpизата во граѓански koнфликт, истите ги одложи.

Кај него во 19:00 часот ќе бидат партиите од десниот центар,откако тој ќе се врати од Косово каде присуствува на одбележувањето на 20-есет годишнината од влегувањето на силите на НАТО.

Се уште нема потврда кога ќе има средба со владејачката левица и дали премиерот Еди Рама ќе ја прфати или не поканата на Мета поаќајќи од фактот дека тој категорично изјавува дека избори на 30-ти јуни ќе има и по одложување на истите од страна на претседателот.

На верашната седница на претседателот на Парламентот Грамоз Ручи со коорднаторите на пратеничките групи е договорено на утрешната пленарна седница да се расправа по барањето за импичмeнт за шефот на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This