March 28, 2024, 11:37 pm

ПРЕДАВСТВО ОД НАЈВИСОК ЧИН: Заев ги уништи сите позиции на Македонија во преговорите – името е веќе продадено, идентитетот избришан!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Мојата земја“, „нашата земја“, „земјата во која јас сум премиер“, „земјата на моите граѓани“ – вака Зоран Заев, со неподнослива леснотија, ступидна лефтерност и перверзна реторика во едно интервју ги урна сите надежи за позитивно решавање на спорот со Грција, а по однос на уставното име на Република Македонија.

 

Интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ во кое Зоран Заев имаше добиено забрана да го користи уставното име Република Македонија, е само уште една потврда на информациите кои ги пренесуваше, сега екс-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на речиси секој јавен настап во изминатите две години, дека целата оваа конструкција и сценарио со кое насилно беше обезвластена партијата која го доби народниот легитимиетет, а нелегитимно и насилно беше инсталирана марионетска влада е поради промена на името на државата.

Имено, отпорот кој владата на ВМРО-ДПМНЕ го пружал по однос на барањата за промена на името по грчки терк беше главната причина за сценираниот пуч. Ова денес го потврди и Зоран Заев, кој во интервју за грчката телевизија „Алфа“ соопшти дека тој и неговата влада се откажуваат од „црвените линии“ кои значеа премолчена национална стратегија на политичките актери во земјата, а во врска со отстапките кои Македонија може да ги направи во насока на промена на името.

Како што вели Заев, црвените линии би биле само кочница во процесот на решение и тој сакал да гледа на црвената линија како водилка кон крајната цел. Притоа, тој се користеше со митови од грчката митологија со цел посликовито да го наслика откажувањето од црвените линии, споредувајќи ги со конецот на Аријадата, но и со „светликава црвена лента“ по која тој и Ципрас ќе се движат за да го „уништат Минотаурот кој се испречил на патот“ кон решението.

Не само што е глупаво и перверзно, но ваквата изјава е еднаква на национално велепредавство.

Во текот на целото интервју беше забележително дека Заев се водеше согласно претходно спремно сценарио и напишани одговори. Согласно истото сценарио, кое тој веќе е добро издресиран да го следи, не отстапувајќи од зададената траекторија, Зоран ја испочитува напишаната наредба во ниту еден момент да не го спомене уставното име на Република Македонија, наместо тоа употребувајќи „мојата земја, „нашата земја“, „земјата во која јас сум премиер“, „земјата на моите граѓани“.

Како ова да не беше доволно, Заев вети дека тој ќе си остане на зборот и ако треба ќе го промени името на скопскиот аеродром, но и дека Александар не е Македонски, туку Велики. Согласен бил како што вели да ги промени сите оние топоними, наслови и називи кои и сметаат на Грција со цел промена на нашето уставно име Република Македонија.

За мизеријата на интерјвуто да биде уште поголема, Заев реши да употреби и теолошка референца со која сака да го оправда како што вели „погодниот момент“ во кој треба да се реши името. Како што претходно во месијански стил изјави дека „Господ го црпнал од нивата“, сега истиот тој Заев сметка дека Господ го предодредил него и Ципрас да го решат спорот со името, објаснувајќи го ова со неверојатната случајност на годината на неговото раѓање, а во која е роден и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Слично како и со договорот за „добрососедство“ со Бугарија, така и по однос на ова интервју помеѓу експертската јавност но и помеѓу политичарите кај нашиот јужен сосед веќе се слави триумфот на решавањето на спорот со името во нивна корист. Првичните коментарни на грчките аналитичари се дека доколку преговорите и решението се движат согласно текот кој го најави Зоран Заев, тогаш Ципрас ќе биде историска личност во грчкото општество, а овие преговори речиси со сигурност ќе му обезбедат уште еден мандат.

И додека пред очите на народот во Р.Македонија се случува предавство од највисок степен, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов нема намера да даде никаков коментар, оставајќи ја нацијата во лимбо без соодветна реакција и фокус на вистинскиот проблем и предавството кое следи.

Наместо тоа народот секојдневно е бомбардиран со неважни информации по однос на опстанокот на земјата, афери и измислени скандали со кои се дефокусира вниманието на јавноста подалеку од клучните прашања.

34 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This