ПРЕДВРЕМЕНИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: Во недела ќе се одржат предвремени локални избори во Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кампањата на политичките партии кои ќе учествуваат на вонредните локални избори во четири општини во северно Косово, што ќе се одржат в недела, на 19 мај, завршува вечерва на полноќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

На изборите во општините со мнозинско српско население, Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечане, со свои кандидати за градоначалници ќе учествуваат најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), како и владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) и опозициското Движење Самоопределување (ВВ).

Партиите имаа на располагање пет дена за да ги промовираат своите политички програми.

Централаната изборна комисија (ЦИК) ангажира 670 комесари, кои ќе бидат распределени во 44 гласачки центри со 87 гласачки места.

Право на глас во четирите општини, според изводот од Централниот регистар на Агенцијата за цивилна регистрација на Косово, имаат вкупно 57.983 лица, што е за 970 повеќе отколку на изборите одржани во октомври 2017 година.

За следење на изборите ЦИК акредитира вкупно 464 набљудувачи, кои доаѓаат од две политички партии, две меѓународни мисии од Европската комисија, две дипломатски мисии, 12 амбасади, 15 медиуми и од една меѓународна и четири домашни невладини организации.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи ги прогласи изборите во четирите општини на северот од земјата, откако тамошните градоначалници поднесоа оcтавки во знак на pеволт поради воведување на таксата од 100 отсто на увозот на српски производи

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This