ПРЕДИЗБОРЕН ПOTKУП: Власта секој ден вработува пapтиски луѓе, нуди плата и над 54 илјади денари, се трупа администрацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска повторно се објавени редица нови огласи за вработувања во државните институции. Во изминатиов период регистриранаи се голем број на огласи во повеќе институции, a јавноста шпекулира дека се работи за предизборен потkyп на гласачи од страна на власта.

 

 

Се бараат ревизори, раководители, советници референти соработници и други профили, а платите се движат до над 54 илјади денари, во зависност од работно место.

 

Имено Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги се бараат 8 државни службеници, додека пак дирекцијата за безбедност на класифицирани информации бара еден 1 државен службеник, а според објавениот оглас се бараат и 30 тина медицински сестри со средно образование во ЈЗУ Градска општа болница 8-ми Септември.

 

И додека во државните институции се бараат нови луѓе за работа, владата и министерството за информатичко општество и администрација истовремено преговараат со бизнис секторот и синдикатите за префрлање на вишокот на вработени од јавниот сектор во приватните фирми.

 

Но, од страна на ССК веќе посочија дека ваквата административна реформа отвори многу дилеми во јавноста како и дека се сомневаат дури и во успешноста на моделот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This