ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ:Иванка Трамп на затворање на Олимпијадата во Јужна Кореја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На свеченото затворање на Олимпијадата ќе присуствува и делегација од Северна Кореја, но јужнокорејската влада наведува дека не е веројатно дека Иванка Трамп ќе се состане со севернокорејските службеници.

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, допатувала денес во Јужна Кореја, каде ќе присуствува на церемонијата на затворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во недела, а медиумите шпекулираат дека можеби носи порака од Доналд Трамп за Северна Кореја.

Нејзиното доаѓање на аеродромот било следено во живо на телевизија, пренесува “AP”, оценувајќи дека Јужна Кореја го послала црвениот тепих за нејзината прва посета од доаѓањето на Трамп на чело на САД.

Јужнокорејските медиуми пренесуваат дека ќерката на Трамп ќе има “специјален третман” во таа земја, за што зборува и изборот на ресторанот за вечера со претседателот Мун Џае Ин – а тоа е традиционалната корејска куќа во резиденцијата на Мун.

На свеченото затворање на Игрите ќе присуствува и делегација до Северна Кореја, но јужнокорејската влада наведува дека не е веројатно дека Иванка Трамп ќе се состане со севернокорејските службеници, или со оние кои побегнале од Северна Кореја.

Во Јужна Кореја се надеваат дека таа би можела да пренесе порака од претседателот Трамп за евентуален дијалог на САД со Северна Кореја, пренесува “Yonhap”.

Од друга страна, високо позициониран севернокорејски генерал ќе присуствува на свеченото затворање на ЗОИ во Пјонгчанг.

Ким Јонг Чол, службеник за меѓукорејски односи во Работничката партија на Кореја, ќе ги предводи официјалните претставници од осум члена кои ќе престојуваат во соседна Јужна Кореја од петок до недела, пишува во соопштението на севернокорејското министерство за обединување. Ќе присуствува на свеченото затворање во недела, стои во соопштението.

Потсетуваме, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, на отворањето на ЗОИ ја пратил неговата сестра, Ким Јо Јонг, заедно со четири високи службеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This