April 18, 2024, 12:52 pm

Предизвик за мажите: Наjтешко е да се живее со искpена и чеcна жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еве зошто врската со жена на чисто и отворено срце е најголем предизвик:

Таа не се двоуми да ви ја каже вистината

Можеби и се двоуми, но на крајот ја кажува вистината, затоа што тоа е она што најдобро и оди. Оваа вистина можеби е смешна, болна, срамна, крајно неповолни за неа, или крајно предизвикувачки за вас, но таа ќе ви ја каже, таква каква е. Ако не сте навикнати на отвореност и непосредност, ќе се збуните, а веројатно и навредите, но тоа е ваш проблем – а таа и на ова ќе ви сврти внимание.

Таа поставува незгодни прашања

Можеби нејзините прашања се премногу длабоки, или премногу лични, бараат да се размислува за чувствителни работи кои ги потиснувате, или отвораат болни теми, кои најлесно би ги заобиколиле. Со незгодните прашања и тешките одговори, таа е сосем на свој терен, а вие – на лизгав.

Таа ги урива вашите ѕидови

Искрената жена со сигурно знае дека имате запирања, одбранбени механизми и емоционални ѕидови кои само треба да се урнат и таа тоа го прави. Таа ги надминува вашите граници и прецизно ги наоѓа слабите точки во вашите ѕидови. Со неа сте постојано надвор од зоната на комфорот и малку со страв очекувате што е следното, но во едно може да бидете сигурни – што и да ја прашате, ќе добиете искрен одговор.

Таа зборува отворено за своите чувства

Нејзиниот отворен пристап за вас можеби е премногу агресивен, па кога ќе се поставите во дефанзива во однос на своите барања (што бара во врската и она што и пречи), ќе се најдете целосно збунети и разоружани пред нејзината ранливост, која, исто така, воопшто не ја крие. Таа е отворена во однос на сите свои чувства, а нивниот опсег е толку широк, длабок и комплексен што ќе ви се сврти во главата. Како може некој да ги чувствува сите овие чувства одеднаш?

Таа не игра емотивни игра

Верува во вистинска љубов и помалку од тоа не ја интересира. Ако сте научени на емотивна игра, на скриени значења и потреба нечии зборови и однесување да толкувате и откривате, ќе бидете фатени. Кај неа се е на отворено и подобро да и верувате кога ќе каже дека тоа е така како што кажува, отколку залудно да трагате за скриеното значење и да се прашувате што е тоа што сака да каже и да постигне. Можеби ви е непријатно што некој толку ги изложува своите желби и очекувања, можеби мислите дека жената треба да биде таинствена и да ви овозможи да ја разоткривате и дека љубовта би требала да биде романтична и нежна, но тогаш многу ќе се намачите со искрената жена. Таа е романтична и нежна, но исто така е практична и не трпи глупости. И многу подобро од вас знае што е љубов. Обидете се да се научите нешто од неа.

Таа нема да ви ја заслади вистината полесно да ја проголтате

И еве ја нејзината најголема, а можеби и неподнослива маана – неа не ја интересира да се занимава со негување и одржување на вашето его. Таму каде што некоја сосем поинаква жена би ве тинтрала, поттикнувала, упатувала, или би ви ја криела вистината на сите начини, за да со заобиколни патишта (кои одат околу вашето его и не му се закануваат) пристигне до целната (која вие не можете да ја видите), искрено ќе ве погоди вистината, како тупаница во брада. Таа може да ви ја зашеќери горчливата пилула, не е неспособна тоа да го стори. Ако се нафати, таа ќе работи против себе и против вас – и ќе ве презре што воопшто сте побарале да ве тинтраат, таму каде што треба да добиете добар ќотек за да ја запознаете границите на својата моќ. Со тоа што ви задава дирек во гордоста, таа ви покажува почит и доверба–тоа не е ароганција и желба да ве повреди, туку свест за тоа дека е способна и должна да чувствува и резонира, а за да биде исправна треба да располага со точни информации. Таа ви го дава најдоброто од себе – својата чесност и отвореност, а вие навредувајте се, ако не сте дораснати.

Многу мажи велат дека чесноста е таа што ја сакаат во секоја врска и ги обвинуваат жените за манипулација и нечесност. Но, кога навистина ќе се сретнат со искрена личност, многу брзо ќе заклучат дека чесноста воопшто не е таква каква ја замислувале, и дека најчесто е – непријатна. Искрените жени имаат незгодна навика да бидат искрени во сè.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This