ПРЕДИЗВИК НА ГОДИНАТА:Ќе добиете богатство ако издржите една година без својот паметен телефон, ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една компанија покрена натпревар на кој може да се освојат 100.000 долари. Единствен услов е цела година да не се користи паметен телефон.

Пријавите се вршат преку хаштагот #nophoneforayear на вашиот Твитер или Инстаграм профил, со опис како би изгледала вашата година без телефон.

Пријавите траат до 8 јануари, а компанијата на 22. ќе објави кој е одбран за натпреварот. Се уште не се знае како компанијата точно ќе го контролира натпреварувачот, односно проверува дали користел паметен телефон.

Но се знае дека на крајот од годината ќе мора да оди на детектор за лаги. Ако издржи цела година, натпреварувачот го освојува целиот износ, а ако издржи шест месеци, на неговата сметка ќе легнат 10.000 долари. Се помалку од 6 месеци нема да се наградува.

Сепак, натпреварувачат нема да биде сосема без телефон. На користење ќе ја добие добрата стара Нокиа 3310 за повици и пораки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This