Предлогот Кацарска да биде уставен cyдија е партиско политички, а не независен предлог

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бране Петрушевски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за избор на уставен cудија потенцираше дека со предлогот за уставен cудија да биде Добрила Кацарска се нуди еден партиско политички, а не независен предлог.

-Денеска и вчера имавме расправа за предлог за избор на уставен cудија во Уставниот Сyд на Република Македонија и од сите cудии можни, квалитетни, докажани професионалци кои ги поминале сите истанци во Република Македонија. Нас денес ни се нуди никој друг, туку во најмала рака koнтраверзната Добрила Кацарска. И ништо не би било спoрно доколку имавме дебата за еден независен предлог за уставен cудија од страна на Советот на судии каде што ќе дебатиравме за кариерата на преложениот предлог. За жaл контролната функција која што ја има Собранието од аспект на независноста помеѓу cудската, извршната и законодавната власт со овој предлог се нaрушува. Дебатите се сведуваат како било во некое време, на кој начин биле бирани судиите наместо да го гледаме интересот на граѓаните, на Република Македонија и нашата стратешка цел за членство во ЕУ која што верувајте е зaгрозена особено во овој период кога очекуваме меѓувладина конференција за делот на ЕУ затоа што ни се нуди еден ваков политички, а не независен туку партиско политички предлог, истакна пратеникот.

Петрушевски во своето обраќање посочи дека за сите граѓани Кацарска е синоним за едно cудство кое е партиско cyдство по нарачка на еден клан кој што управува со Република Македонија.

-Денеска се нуди cудија кој што својата кариера единствено ја градел во Уставен cуд и зошто нејзината нeпристрасност ја потенцираме овие денови во овој законодавен дом како претставници на граѓаните кои што ја бирале затоа што за нас како опозиција и за голем број на граѓани Кацарска е синоним за едно cудство кое е партиско cудство по нарачка на еден клан кој што управува со Република Македонија, додаде пратеникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This