Предлог-буџетот за 2021 година по скратена постапка вечерва на владина седница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 година вечерва на владина седница ќе бидат разгледани по скратена постапка.

На предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард и Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард.

Меѓу повеќето точки од својата програма за работа и од интерес за граѓаните, Владата ќе ја разгледа и Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на овластените службени лица во шумската полиција.

За заклучоците и донесените одлуки на денешната седница на Владата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This