Предлог за промена на името на Косово се најде на дневен ред пред косовските пратеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред косовските пратеници денес прв пат се нашол предлог од нацрт на еден закон во кој се бара да се тргне називот Република (Косово)

Претседателката на косовскиот парламент Вјоса Османи, како што дознава Косово онлајн, после вакво барање побарала тој предлог да се симне од дневен ред, што е и направено.

Имено Комисија за буџет и трансфери на седница на 7ми октомври го разгледала Нацрт законот за ратификација на Финанскиот договор помеѓу Приштина и Европската банка за инвестирање во проект за систем на отпaдни води во Гњилане, и одлучено е косовското собрание да достави препорака.

Во таа препорака, Комисијата за буџет и трансфери наведува дека законот треба да се усвои со измена и дополнувања, така што во називот на Нацрт законот и во поедини членови од законот ќе биде тргнат зборот “Република“.

Извештајот со препораки е симнат од дневен ред на косовскиот парламент, каде што договорите со ЕУ агенциите во законите за ратификација во меѓународните договори, Косово ќе се претставува со ѕвездичка (Косово*)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This