Предложени парични кaзни за седум лицa во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Против седум лица Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење, за време на важечки полициски час, без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за обвинетите предложи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This