ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ: Ќе завршите во затвор, а ќе предизвикате и немири!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците на СДСМ добија предупредување од народот дека доколку продолжат со протуркување на договорот за промена на името со Грција ќе завршат во затвор, а неизбежни се и немири во државата. Во писмото испратено до пратениците се споменува и колумната на професорот Димитар Апасиев во која тој ги посочува сите правни пречки и прекршувања на законите и Уставот кои ги прави СДСМ со цел да го прошверцува овој капитулантски договорор.

-НИЕ- МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, Здружение за борба и еманципација на жените
Пратенику,
Ви доставуваме на ваше внимание, текст кој што веќе е објавен во медиумите и јасно ги отсликува одговорноста и последиците од вашето гласање на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Грција и ,,другата страна’’ (Македонија).
Ви подлвлекува дека гласањето ЗА, повлекува кривична одоговорност, ќе предизвика немири во Државата кои што неминовно ќе доведат до предвремени избори на кои што нема повеќе да бидете во Парламентот, а многу извесно ќе завршите во затвор, се вели во Писмото.

Пратеничката од редовите на СДСМ Ивана Туферџиќ откако го доби писмото експресно се пожали на Фејсбук, а воедно се пофали дека не може да одговара кривично за начинот на кој што гласала во Собранието. Но очигледно е штом има потреба за ова да пишува на Фејсбук постои одреден страв за нејзиното делување вон рамките на Уставот и Законите.

– Притисокот за одредено гласање е легитимно право на граѓаните, меѓутоа кога во содржината ќе напишете “ќе има немири, па избори и ќе одите во затвор” нејасно е што сака писателот да постигне.

И еве бидејќи толку се љубители на правото дел од член 64 од Уставот на Република Македонија:
“Пратеникот не може да биде повикан на кривична
одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието”
Апсолутно немам никаков проблем со било чив искажан став по однос на Договорот со Грција меѓутоа сите, особено оние кои се интелектуалци и кои профилираат во јавниот дискурс треба да се свесни за тежината и одговорноста за зборовите кои ги искажуваат бидејќи предизвикуваат нетрпеливост и конфузија меѓу граѓаните, напиша Туферџиќ на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This