March 28, 2024, 11:58 pm

ПРЕД НОВА ГЛОБАЛНА ФИНАНСИСКА КРИЗА: Берзанскиот индекс на „Волстрит“ падна на рекордно ниско ниво во последните две години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Берзанскиот индекс на „Волстрит“ денес падна за речиси 2.3%, или под 690 поени со средна вредност од 25.520,96 долари со што го постигна шестиот најголем пад во историјата на индексот „DOW Jones“, кој ја означува средната вредност на најголемите компании во САД

Индустрискиот просек на индексот падна за речиси 700 поени, со што во последните две години ова е најлош перформанс на берзанскиот индекс. Причината за ова се гледа во слабите резултати и малиот број на нови вработувања, додека бројката на невработени се движи околу 4% на национално ниво во САД.

Освен вработеноста, како главна причина се наведува трговската војна која Доналд Трамп ја започна со Кина, благодарение на воведувањето на нови тарифи за увоз на Кинески производи во земјата, на што Кина возврати со контрамерки кои го дестабилизираа пазарот.

Ваквиот развој на настаните ги исплаши инвеститорите, анализираат американските медиуми, кои веднаш по отварањето на Њујоршката берза започнаа со продавање на акциите, што предизвика пад на берзанскиот индекс.

Некои аналитичари сметаат дека ова би можело да значи почеток на нова глобална економска криза, додека други не се загрижени и сметаат дека сега е вистинско време да се купуваат акции.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This