ПРЕД ПОРТИТЕ НА НАТО: Шекеринска го затвори Центарот за обука на пилоти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го стави под клуч Центарот за обука на пилоти, институција која што досега едуцираше, пред сè, пилоти на хеликоптери, оспособени да извршуваат сложени воени мисии, дознава Лидер.

Центарот, познат во јавноста како ПТЦ (Pilot Training Center), лоциран на воениот дел од скопскиот аеродром, од институција со врвни инструктори, кои произведуваат професионални воени пилоти, се претвори во центар на „духови“.

Според извори на Лидер, Одбрана, веќе подолго време, не префрлува финансиски средства во Центарот, по што сите цивили вработени таму се отпуштени од работа, а пилотите се враќаат назад во Воздухопловните сили на Македонија. Неизвесно е што ќе се случи со тројцата кандидати кои ја поминаа обуката и чекаат потпис од директорот на Центарот.

Инаку високи функционери од НАТО неодамна сакаа да го посетат овој Центар, но бидејќи бил заклучен, нивната агенда беше во последен момент променета.

Договорот за овој Центар, како што дознава Лидер, важи до октомври-ноември 2019 година, а требало да се произведат повеќе од педесетина пилоти. Досега има негде околу триесет обучени пилоти. Според нашите извори, овој дел бил спорен кај власта.

Договорот инаку е склучен помеѓу „Елбит системи“ од Израел и Министерството за одбрана како претставник на владата. Елбит ангажира персонал како инструктор и директор на школото кои ги плаќа, а на Елбит им плаќа Министерството за одбрана. Во Центарот, освен овие, ангажирани беа и инструктори пилоти од Армијата на Република Македонија и друг технички и помошен персонал, кои нашето министерство ги отстапи и го распореди таму.

Според извори на Лидер, првично, идејата на Министерството за одбрана било да го заземе Центарот во нивен состав, со истата структура. Потоа, се појави незадоволство кај Одбрана, велејќи дека премногу чини, а производството на персонал е мало. Од друга страна пак, Елбит се брани дека рекламата, приемот и популаризацијата се работа на МО, а инструкторите се занимаваат со обука и производство на пилоти.

Директниот конфликт доаѓа во месец јуни минатата година помеѓу Елбит и Одбрана, за неисплаќањето на финансиски средства, наводно од октомври 2017 година, од страна на министерството кон Елбит. По оваа кулминација, Елбит се одлучи да ја прекине обуката, а извори на Лидер од Одбрана кажуваат дека министерството најверојатно ќе го раскине договорот.

Инструкторите во месец јули, минатата година, ги пуштија на користење на слободни денови, ги прекинаа сите обуки, сите питомци пилоти заминаа како на одмор дома, по што Елбит ја менуваат шифрата за влез во Центарот, ја исклучуваат струјата и се друго за да не се случи нешто. Втората половина на јули продолжуваат со работа и обука како ништо да не се случило, од 01.08. заминаа на колективен одмор до 20 август.

Елбит, потоа, продолжува со обуката на тројцата млади ученици, кои, пак, од завршувањето на обуката, оваа есен, немаат добиено сертификат за пилоти.

Едниот од инструктурите до Израел се повлече, а двајца офицери на АРМ побарале да се вратат во состав на АРМ и ВБР.

За конфликтот помеѓу Елбит и МО воопшто или многу малку се зборува во високите државни кругови, па така иднината на овој Центар е неизвесна.

Инаку Центарот за Обука на пилоти е замислен и отворен за развој на пилотскиот кадар во РМ за потребите на МО и МВР, но и владини потреби за производство на кадар. Ваков центар е реткост во државите на регионот и е од големо значење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This