ПРЕКВАЛИФИКУВАНО ДЕЛОТО ЗА УБИЈЦИТЕ НА САЗДО: Тројцата напаѓачи го добија најтешкото обвинение – обвинети за „свирепо убиство“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопското јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за смртта на Никола Саздовски од „насилство“ во „убиство“. „Наместо за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата осомничени ќе се води истражна постапка за кривично дело Убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик“, пишува во соопштението на Обвинителството.

Ваквата одлука на јавниот обвинител следува откако во истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно беа испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско–медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

-Ова вештачење беше доставено во обвинителството на 16 јули 2018 година и од него неспорно произлегува динамиката на кривично-правниот настан во смисла на видот и карактерот на здобиените повреди кај лицето Н.С., а се утврдува и причинско–последичната врска на нанесените повреди и нивното влијание на смртниот исход. Одлуката за преквалификација на кривичното дело можеше да се донесе само откако јавното обвинителство ги обезбеди сите релевантни докази, меѓу кои и судско медицинското вештачење, и откако ги утврди фактите кои произлегуваат од тие докази, пишува во соопштението на Обвинителството.

За третиот осомничен кој се уште е недостапен ќе биде распишана домашна и меѓународна потерница. Јавниот обвинител во текот на истражната постапка ќе издаде и наредба за медицинско психијатриско вештачење на двајцата осомничени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This