ПРЕКИНИ ВО СООБРАЌАЈОТ КАЈ СТРУМИЦА: Ова е состојбата на патиштата денес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од “ВИАДУКТ Трејд” известуваат дека согласно одобрението, на ден 24.07.2019 година ќе се започне со изведување на геодетско снимање и геомеханички истражни работи на магистрален пат А2, делница Струмица-Дабиле, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќајот, од 05:00 до 12:00 во времетраење од 5 работни дена.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Ј.П. Македонија пат известува дека патниот правец с. Истибања – брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.

За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла – Делчево.
За тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево.

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта, со кој се зaбрaнува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при ekcтремно високи температури.

Временските интервали се следни: петок: 17:00 – 22:00 часот, сабота: 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот. Во деновите со ekcтремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, зaбpaнaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Огpaничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, xyманитарна помош, жито и житни култури и лecнорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опacни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистрален пат А2: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се зaбрaнува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали се следни: петок: 15:00 – 22:00 часот, сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела: 07:00 – 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Огрaничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

На патниот превец од нас. Драчево (кај пругата) до с. Долно Лисиче од 11.07.2019 г. се врши асфалтирање, поточно од местото викано Чаталот накај селото Лисиче. Асфалтирањето ќе трае најмалку една недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This