ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА: Неколку скопски населби и утре ќе останат без струја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корисниците од улицата „Димитрие Чуповски“ бр. 1А во општина Центар утре од 8 до 11 часот ќе бидат без снабдување со електрична енергија. Од 8 до 10 часот утре без струја ќе останат жителите од населбата Трубарево, улици со број „2“, „8“, „10“, „12“, „14“, „16“ и „18“.

Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите во околината на канцеларијата на претседателот на Република Македонија, објектите во близина на кафе-бар „Гнездо“ и објектите во близина на хотел „Бест Вестерн“ во општина Центар.

Без струја од 9 до 11 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Александар Мартулов“ во општина Ѓорче Петров, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од село Долно Соње. Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Горно Соње, улица „1“.

Од 9:30 до 11:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Мариовска“ бр. 1, 3 и 5 во општина Кисела Вода, а од 10 до 12:30 часот корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“, зграда бр. 29 и сервис за гуми „Дабл-Стар“ во општина Аеродром.

Во периодот од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гаврил Лесновски“ и дел од улицата „Московска“ во општина Карпош, а од 13 до 15 часот корисниците од улицата „Козара“ бр.30 во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This