ПРЕКРШЕН Е УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ: Претседателот на Републиката и пратениците вршат грубо кршење на Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се разбира, Македонија има Влада, затекнатите министри и претседател на Влада остануваат на должност до изборот на нова Влада. Но, пратениците досега не избраа нова Влада.

Sobranie

Ајде да го повториме членот 90 од Уставот: “Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“

Изборите за пратеници се одржаа на 11 и 25 декември 2016 година. Со верификацијата на мандатот на новоизбраните пратеници, Собранието се конституира на 30 декември 2016 година. Претседателот на Републиката го довери мандатот на 9 јануари 2017 година. Мандатарот во рок од дваесет дена заклучно со 29 јануари 2017 година не состави Влада. Со тоа, членот 90 од Уставот е исцрпен! Нема други рокови за доверување мандат за состав на Влада, нема други рокови за состав на Влада, нема други рокови за избор на Влада!

После 29 јануари 2017 година повеќе никој нема овластувања за избор на Влада! Нема! Така пишува во Уставот!

Се’ што се случува после 29 јануари 2017 година со изборот на Влада е грубо кршење на Уставот и претставува самовластие и злоупотреба на службената должност и од претседателот на Републиката и од пратениците!

Бидејќи Уставот не утврдил обврска за распуштање на Собранието по сила на Уставот доколку пратениците не изберат Влада, останува пратениците сами да го сторат тоа. Друг избор немаат!

Никој нема право да си придодава овластувања повеќе од утврдените со Уставот! Се’ што е повеќе од членот 90, значи грубо кршење на Уставот на државата Македонија!

 

todor_petrov-150x150Пишува
Тодор Петров

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This