April 19, 2024, 12:08 pm

ПРЕКРШОЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА“: Организаторите на блокадата на границата со Грција добија пријави!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организаторите на блокадата на граничниот премин „Богородица“ со Република Грција, добија прекршочни пријави бидејќи протестот не бил соодветно најавен, со што била причинета штета


„На ден 25.11.2018 година во временски период од 16.50 часот до 17.20 часот на подрачјето на ГП Богородица на Автопат А1 влез во Р.Македонија од страна на група граѓани е оневозможено нормално одвивање на сообраќајот на коловозните ленти во правец ГП Богородица – Гевгелија“ – стои во прекршочната пријава поднесена против Јанко Бачев, Страшко Олумчев и Драган Угриновски. 

Ова не е прв пат владата на СДСМ на ваков начин да заплашува и замолкнува граѓани од искажување на својот револт. Претходно неколкупати полицијата се судри со демонстрантите на крстосницата кај Црвен Крст кои најавија блокади на истата.

На социјалните мрежи пак, речиси секојдневно осамнуваат сведоштва на граѓани кои добиваат пријави бидејќи пишувале критики против власта.

Освен граѓани, пријавени се и актери, новинари, режисери. Меѓу нив и Тони Михајловски, Миленко Неделковски и Јани Бојаџи. Наспроти ова, Бранко Тричковски кој важи за страствен поддржувач на власта, а во неговите колумни објавувани во дневни весници и портали повикуваше на aтeнтaт на премиер и Претседателот на државата, се спаси од пpoгoн откако ОЈО ја отфрли кpивичaтa пријава против него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This