ПРЕКУ НОЌ СТАНАА МИЛИОНЕРИ: Жителите на едно мало шпанско село се разбудија како милионери

Поврзано

- Advertisement -
Жителите на „заспаното“ шпанско село Серезалес дел Кондадо неочекувано станаа милионери – сите 80 луѓе. Неочекуваниот прилив на кеш дојде откако сопственикот на пивото „корона“ во својот тестамент му подари на локалното население по 2,5 милиони долари по човек.
- Advertisement -

На милијардерот Антонио Фернандез, кој помогна да се изгради „Групо модела“, која го произведува „корона“, кога почина во август на 99 години, му „останале“ едвај нешто повеќе од неколку пени.

И покрај неговиот огромен успех во индустријата за пиво, Фернандез не ги заборавил своите корени. Тој и самиот е роден сиромашен во Серезалес дел Кондадо, едно од 13 деца. На 14 години морал да се откаже од училиште бидејќи неговите родители не можеле да си дозволат да плаќаат школарина.

Фернандез решил да подари 210 милиони во северозападното шпанско селце, а секој од 80-те жители добил по 2,5 милиони.

Фернандез во Серезалес дел Кондадо

„Никогаш досега не сме имале никакви пари. Не знам што ќе правевме без Антонио“, изјави сопственикот на локалниот бар Максимино Санчез за весникот Диарио де Леон.

Милијардерот – кој претходно беше одликуван од поранешниот крал на Шпанија за неговите добротворни дела – во својот тестамент остави башка пари за селцето да добие сосема нов културен центар и непрофитна фондација со 300 вработени.

Фернандез станал извршен директор на „Групо модело“ кога имал само 32 години, откако се доселил во Мексико во 1949 година. Станал основач на пивото „корона“ и во голема мера е заслужен за неговиот успех како второ најпопуларно увезено пиво во САД и најпопуларно пиво во Мексико.

Со текот на годините има создадено голем број хуманитарни организации. Една од нив е „Солтра“, која нуди вработување на лица со посебни потреби. Слична компанија е формирана под името на неговата сопруга во мексиканската држава Пуебла.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This