ПРЕКУ 1 МИЛИОН ЛУЃЕ СЕ ОЧЕКУВААТ ВО АТИНА: Црквата и владата помага во организацијата на протестите, закани дека ќе има и жртви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организаторите на анти-владиниот протест во Атина закажан за 4-ти фебруари очекуваат на истиот да имаат повеќе од еден милион присутни демонстранти, на кој ќе се протестира против името Македонија и ќе се испорачаат барања за промена на Уставот на Р.Македонија

AP Photo/Giannis Papanikos

 

Стерјос Калогирос, еден од организаторите на протестот на 4.фебруари, за АП изјавил дека е оптимист дека во Атина ќе се собере голем број на демонстранти, особено откако добиле поддршка и од религиозните групи како грчката православна црква.

„Локалните владини претставници го поддржуваат протестот и велат дека градоначалниците низ целата земја ќе помогнат во организацијата со испраќање на автобуси со луѓе од целата земја во Атина. И црквата го даде својот благослов.“ 

 

Грчката анархистичка група „Рубикон“ пак најави дека на протестите може да „падне и крв“ бидејќи на тој ден тие ќе се спротивстават на „фашистичките тенденции“ на десничарските политики во земјата.

Од „Рубикон“ велат дека можно е да има и жртви.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This