March 28, 2024, 11:36 am

Прелиминарни резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 452.709, СДСМ 436.469

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО за Македонија има 24.449 гласови (2,06%), Левица 12.119 (1,02%), Коалицијата за промени и правда – трет блок 10.083 (0,85), ЛП 3.840 (0,32%), а ПДП 1.142 (0,10%) гласа.

– Според прелиминарните резултати на ДИК од гласањето на предвремените парламентарни избори, по обработени 99,72 отсто од гласовите на 3.514 од вкупно 3.524 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 452.709 гласови (38,06%), СДСМ и Коалицијата 436.469 (36,69%), ДУИ 86.812 (7,30%), Движење БЕСА 57.927 (4,87%), Алијанса за Албанците 35.091 (2,95%), ДПА 31.017 (2,61%) гласови.

ВМРО за Македонија има 24.449 гласови (2,06%), Левица 12.119 (1,02%), Коалицијата за промени и правда – трет блок 10.083 (0,85), ЛП 3.840 (0,32%), а ПДП 1.142 (0,10%) гласа.

Во Првата ИЕ од 100 отсто примени резултати ВМРО-ДПМНЕ освоила 72.833 или 33,45 отсто. ДПА има 4.841 или 2,22 отсто, ДУИ 12.871 или 5,91 отсто, СДСМ 92.190 или 42,34 отсто, Коалиција за промени и правда 3.152 или 1,45 отсто, Алијанса за Албанците 3.769 или 1,73, Либерална партија 1.331 или 0,61 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија 3.808 или 1,735 отсто, Движење Беса 11.591 или 5,32, Левица 4.556 или 2,09 отсто.

Во Втората изборна единица од 100 проценти обработени податоци добиени од општинските изборни комисии по електорнски пат, ВМРО-ДПМНЕ има 73.707 или 36,15 отсто, ДПА 5.938 или 2,91 отсто, ДУИ 16.863 или 8,27 отсто, СДСМ 69.837 или 34,25 отсто, Коалиција за промени и правда 2.146 или 1,05 отсто, Алијанса за Албанците 6.051 или 2,97 отсто, Либерална партија 734 или 0,36 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија 3.264 или 1,60 отсто, Беса 16.119 или 7,91 отсто, Левица 2.401 или 1,18 отсто.

Од Третата изборна единица добиени се 100 отсто од резултатите по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ освоила 102.832 гласа или 50,36 отсто, ДПА 587 или 0,29, ДУИ 1.142 или 0,56 отсто, СДСМ 81.209 или 39,77 отсто, Коалиција за промени и правда 1.359 или 0,67 отсто, Либерална партија 743 или 0,36 отсто, ВМРО за Македонија 6.700 или 3,28 отсто, Левица 1.767 или 0,87 отсто.

Според сто отсто добиени резултати од гласањето во Четвртата ИЕ, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 101.617 или 47,96 отсто, ДУИ 481 или 0,23 отсто, СДСМ 94.780 или 44,73, Коалиција за промени и правда 1.894 или 0,89 отсто, Либерална партија 603 или 0,28 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија 4.723 или 2,23 отсто, Левица 1.394 или 0,66 отсто.

Од добиените 100 проценти податоци за гласањето во Петтата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ 72.340 или 38,51, ДПА 3.426 или 1,82 проценти, ДУИ 13.982 или 7,444 проценти, СДСМ 71.020 или 37,81 отсто, Коалиција за промени и правда 1.239 или 0,66 отсто, Коалиција Алијанса за Албанците 7.355 или 3,92, Либерална партија 429 или 0,23 проценти, Коалиција ВМРО за Македонија 4.951 или 2,64 отсто, Беса 5.153 или 2,75 отсто, Левица 2.001 или 1,07 отсто.

Во Шестата изборна единица од сто отсто обработени податоци ВМРО -ДПМНЕ има освоено 26.134 или 16,54 отсто, ДПА 16.225 или 10,27 отсто, ДУИ 40.599 или 25,70, СДСМ 25.828 или 16,35, Коалиција за промени и правда 293 или 0,19 отсто, ПДП 1.142 или 0,72, Коалиција Алијанса за Албанците 17.916 или 11,34 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија 919 или 0,58 отсто, Движење Беса 25.054 или 15,86 отсто.

Во седмата Изборна единица кадешто гласаше дијаспората од преборени 78,26 отсто од гласовите, на 36 од 40 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 3.246 гласа или 54,28 отсто, СДСМ 1.605 или 26,84 отсто, ДУИ 875 или 14,63 а ВМРО за Македонија 84 гласа или 1,40 проценти.

Како што информира претседателот на ДИК Александар Чичаковски на прес-конференцијата рано изутрината, ДИК до три часот нема добиено никакви приговори во врска со вчерашното гласање на изборите.

Соопшти дека во текот на денешниов ден ДИК ќе излезе со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со своја оценка за изборниот процес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This