April 26, 2024, 12:16 pm

ПРЕМИЕРИТЕ ЗАЕДНО РУЧАА: Премиерите од Балканот ручаа и разговараа за интеграцијата во европскиот дигитален пазар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Важноста од интеграцијата на земјите од Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на Европската Унија, е тема на разговорите на работниот ручек на кој присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседавачот на Министерскиот Совет на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај, Заменик претседателката во Владата на Република Албанија, Сенида Меси, министрите од владите на земјите на Западен Балкан, Еврокомесарите за соседска политика и проширување и за дигитална економија и општество, Јоханес Хан и Марија Габриел, државниот секретар во министерството за економија и енергетика во Владата на Сојузна Република Германија Томас Берејс, претставници на Европската инвестициона банка, и претставници на Советот за регионална соработка на земјите од Западен Балкан, пишува Плусинфо.

За време на разговорот на работниот ручек, премиерот Заев ја истакна важната улога на „Дигиталниот самит за Западен Балкан“, и на презентираната студија „Влијанието на дигитализацијата на просперитет на Западен Балкан“, како значајни импулси за земјите од регионот за да ја продлабочат соработката и поинтензивно да работат на дигитална трансформација којашто ќе придонесе кон раст на БДП, пораст на инвестициите во регионот, развој на старт-апи и отворање на нови работни места.

На средбата се разговараше и за иницијативата за институционализација на Платформата за бизнис пријателска средина (Business Friendly Environmet,BFE) како мултилатерална организација којашто ќе биде поддржана од владите во регионот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This