ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА ЈУГОХРОМ: Се разгледува можноста за рестартирање на капцитетот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата Емил Димитриев и заменикот на претседателот на Владата Владимир Пешевски денеска остварија средба со претставници на синдикатот и на менаџерскиот тим на компанијата Југохром која двете страни ја оценија како конструктивна, беа разменети мислења и податоци во врска со актуелната состојба со која се соочува компанијата Југохром.

Sredba-Vlada-pretstavnici-na-Jugohrom_1-640x266

-Владата цени дека во решавањето на овој предизвик треба да се земаат во предвид интересите на вработените, интересите за почитување на еколошките стандарди и интересите на компанијата. Владата смета дека постои можност, простор и зона на прифатливост за усогласување на овие три интереси, без ниту еден интерес да наштети на другите интереси, стои во соопштението од Владата.

Деталите и опциите за усогласување на трите интереси квалитетно би можеле да се разработат од страна на политичката Влада.

Sredba-Vlada-pretstavnici-640x330

Постоечката Влада во рамките на своите ингеренции ќе продолжи да има полно внимание на оваа тема, и останува отворена за дискусија со сите заинтересирани страни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This