ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА КАТИЌ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев денес оствари средба со Андреја Катиќ, министер за одбрана на Република Словенија на која беа поздравени одличните односи кои постојат помеѓу двете земји и беше искажана посветеност за нивно континуирано унапредување во сите сфери од взаемен интерес.

dimitriev-katic2

Од Владата соопштуваат дека двете страни изразија задоволство од билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, како и од соработката на двете земји во овие сфери во регионален мултилатерален контекст.

-Беше поздравена иницијативата за воспоставувањето на балкански медицински наменски сили чиј штаб ќе биде отворен утре во Скопје, а во кои ќе партиципираат претставници на армиите на Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора. Соговорниците ја потенцираа значајноста на потребата за членството на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, стои во власиното соопштение.

dimitriev-katic

Премиерот Димитриев се заблагодари за поддршката која Република Словенија ја дава на нашата земја за реализацијата на нашите европски и евро-атлантски интеграции, како и за соработката во реализацијата на реформите значајни за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера.

На средбата стана збор и за предизвиците во врска со мигрантската криза, при што од страна на словенечката министерка за одбрана Катиќ беше акцентирана клучната улога која Република Македонија ја има во рамките на процесот за менаџирање на овие предизвици.

dimitriev-katic3

Беше реафирмирано дека за справување со предизвиците на мигрантската криза е потребен координиран пристап на земјите членки на Европската Унија и земјите кои се наоѓаат на балканската рута, и продолжување на соработката и координираните дејствија на сите земји на рутата.

Соговорниците разговараа и за други теми од областа на соработката во сферата на одбраната и безбедноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This