ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ: Украинските стопанственици да ги искористат компаративните предности на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и Украина имаат одлична економска соработка. Но постојат можности за продлабочување на таа соработка посебно во областа на производството, ИТ секторот, фармацевската индустрија и туризмот.

14317358_629124343935676_2342501094129195463_n

Ова беше заклучено на денешната средба на украински бизнисмени, со премиерот Емил Димитриев и владините претставници. Димитриев ги повика украинските бизнисмени да ги искористат компаративните предности на Македонија за реализација на нивните бизнис планови. Според него, постојат огромни неискористени можности за унапредување на економско-трговските односи меѓу двете земји и тоа е заеднички интерес на Македонија и Украина. Како потврда за економската успешност на земјата, премиерот ги наведе низата рангирања од страна на меѓународните финансиски институции меѓу кои Светска банка, Агенцијата ФИЧ, лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“, ММФ, Европската комисија.

14316907_629124450602332_2182468782888208139_n

“Подготвени сме да излеземе во пресрет и да обезбедиме максимална поддршка за реализација на вашите инвестиции и деловни потфати со македонските компании. Македонија во изминативе неколку години се издигна во едно од најпријатните изненадувања и стана еден од најпозитивните економски примери во Европа. Тоа е резултат на напорната работа на Владата и големиот број проекти чија цел беше да му помогнат на стопанството и да ја позиционираат земјата како одлична бизнис дестинација и инвестициски рај во Европа, подвлече Димитриев, додавајќи дека сите досега реализирани политики помогнаа Македонија да се справи со светската економска криза многу подобро од други земји во Европа и светот, а економијата продолжува да дава се подобри знаци на раст и стабилност“ изјави Емил Димитриев.

Од украинската комора за трговија истакна дека соработката помеѓу Македонија и Украина се продлабочува .Во Украина се повеќе се запознаени со климата за водење бизнис, а тие како стопанственици се импресионирану од резултатите што ги постигнала Македонија во екононмсиот сектор.

14333072_629124127269031_946696256386672092_n

“Во Украина се повеќе бизнисмените знаат за позитивните тенденции на водење бизнис во Македонија што им дозволува на украинските бизнисмени директно да работата со македонските компании, а исто така им дозволува преку Македонија излез во Европа. Импресиониран сум од резултатите што ги постигнала Македонија во текот на последните 10 години од реформирањето на македонската економија. Украина моментално се наоѓа во фаза на реформирање и некои од вашите идеи, реформи ние со задоволство би ги примениле и кај нас“ изјави Генадиј Дмитриевич претседател на Украинската комора за трговија и индустрија. По средбата во Владата украинските бизнисмени се сретнаа и со домашните бизнисмени од ССК. Целлта на домашните компании е зголемување на конкурентноста и зголемена промоција и продажба на македонските производи. За таа цел бизнисмените од двете земји потпишаа и Меморандум за соработка
“, изјави Драган Митковски, заменик преседател на ССК

Размената меѓу двете земји на годишно ниво е oд 50 до 100 милиони евра. Тоа значи дека постои огромен потенцијал меѓу двете земји за зголемување на ваквата соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This