Премиерот на Ерменија Пашинјан повикува војската да се справи со демонстрантите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, ги повика војниците да се вратат од Нагорно Карабах во Ереван и го реши прашањето за демонстрантите „кои лелекаат под ѕидините“.

– Гледав десетици видеа на војници од линијата на фронтот. Изненаден сум од паметното размислување на момците. Дечки, во право сте. Ве чекам во Ереван за конечно да го решиме прашањето за оние кои лелекаат под ѕидините- напиша Пашинјан на Фејсбук.

Ова се снимки на војници кои ја поддржуваат одлуката на премиерот за примирјето во Карабах.

Следбениците на Пашинјан остро ја критикуваа оваа објава, нагласувајќи дека демонстрантите се исто така ерменски народ.

Веднаш потоа, шефот на канцеларијата на вицепремиерот на Ерменија, Вараг Сисејан, поднесе оставка од својата позиција. По него, истото го стори и пратеничката на владејачката партија „Мој чекор“, Гајана Абрамјан.

Да потсетиме, во Ерменија се уште траат демонстрациите кои започнаа од 10 -ти ноември – денот кога е потпишан мировниот договор со кој се стави крај на борбените дејствија помеѓу Ерменската и Азербејџанската војска долж линијата на контакт во спорниот регион на Нагорно Карабах.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This