March 29, 2024, 12:06 am

ПРЕМИЕРОТ НА ПАКИСТАН РЕТЕРИРА: Ја повика Индија да ги решаваат проблемите преку дијалог

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пакистанскиот премиер, Имран Кан, денес ѝ понуди дијалог на Индија, за да се смират зголемените тензии меѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во телевизиското обраќање до нацијата, Кан изјави дека Пакистан бил принуден да преземе акција врз авионите на Индија, при што ниту една суверена земја не може да дозволи другата истовремено да се однесува како жалител, судија и извршител.

Тој ги даде овие изјави откако Пакистан и Индија потврдија дека меѓусебно собориле воени авиони.

„Целосно испланиравме дека не смее да има колатерална штета. Сакавме само да ја покажеме нашата способност. Тоа беше единствената цел“, изјави тој.

Премиерот ја повика Индија на дијалог, велејќи дека „треба да надвладее здравиот разум“.

„Треба да седнеме и да го решиме овој проблем преку преговори“, додаде Кан, нагласувајќи дека војните обично водат кон погрешни проценки.

„Сите големи војни во светот доведоа до погрешни проценки. Првата и Втората светска војна завршија по неколку години, а беше предвидено да завршат за неколку месеци. Слично на тоа, војната против тероризмот трае веќе 17 години“, рече тој.

„Тоа е историјата, која покажува дека војните се нешто што е погрешно проценето. Моето прашање за Индија е дали со оружјето кое го имаме ние и тие, можеме да си дозволиме погрешна проценка? Каде ќе нè однесе тоа? Тоа нема да биде ниту во моја контрола, ниту под контрола на Моди“, истакна пакистанскиот премиер.

Тој нагласи дека на индиската Влада ѝ понудил целосна соработка во однос на истрагата за инцидентот во Пулвама. „Целосно ја разбирам тагата и болката за починатите индиски војници“, додаде тој.

„Пакистан е целосно подготвен да соработува и да дејствува доколку кој било Пакистанец е вклучен во нападот во Пулвама. Ние нема да дозволиме никој да ја користи нашата територија за (спроведување) тероризам во која било друга земја“, додаде тој.

Пакистанскиот премиер потврди дека се соборени два индиски авиони МИГ и дека двајца пилоти се заробени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This