April 19, 2024, 10:26 pm

Пренџов:Ова влада е целосно неспобна, за секоја реформа која ја најавува зема кредити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ во своето гостување во емисијата „ Заспиј ако можеш“ зборуваше за тоа како и што работи оваа Влада и посочи дека оваа Влада каде и да направи некоја реформа тоа го прави со кредити.

Оваа Влада каде и да прави реформа таа прави со кредит. Во економија реформи прават со кредит, во образование, сега има задолжување со кредит, во правда прават реформи со кредит. Секаде каде они прават, прават со кредит. Јас не знам каде одат парите на граѓаните. Во меѓувреме имаме покачени акцизи, покачена струја, покачени продукти, зголемени даноци, а за секоја реформа која ние ја правиме ние земаме кредит, рече пратеникот Пренџов.

Понатаму пратеникот Пренџов во своето гостување посочи дека Владата во овој период се задолжува за над дваесет и една милион за образование, а од тие средства само десет милиони се за реконструкција на училишта, а другите одат за патни трошоци, консултански мерки.
Вчера имаше на Комисија задолжување од дваесет и еден милион и петстотини илјади евра за основно образование. Јас мислев дека сите оние училишта кои се руинирани, кои се во рурални опшини ќе ги реконструираат да личат бидејќи секое дете има право на образование и секое дете има еднакви права да има пристојна околина, училница.Но, кога ќе го отворите задолжувањето гледате дека само десет милиони евра одат на реконструкции, а другото оди на некои мерки, консултански мерки, на патни трошоци. Ова не му е потребно на никој. За ова ние се бориме во собрание жестоко, дебатираме по неколку денови, но на крајот треба да бидеме јасни дека мнозинството треба да одлучи, без разлика какво и да е тоа мнозинство, додаде Пренџов во своето гостување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This