April 17, 2024, 12:08 am

По барањето на пратеникот Пренџов Владата им ги враќа парите на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари и ќе изнесува 41,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.

Љупче Пренџов  пратеникот на ГРОМ, прв повика јавно на укинување на акцијата, посочувајќи дека тие донесоа одлука, бидејќи имало пад на цената, за зголемување на акцизите за два до три денари.

-Ние плаќаме сега поскапо и да биде иронијата поголема, стигна Закон за акцизи и бараат ново зголемување на акцизите. Ќе бараме од 22 да се врати на 19. Мислам дека одговорна Влада, треба да помогне на граѓаните кога тие се во криза, изјави во емисијата „Филибастер“ пратеникот Пренџов.

Дали сериозна Влада за три години менува тројца министри за финансии, а и три пати менува даноци. Кој ќе инвестира, кој странски капитал ќе дојде, од Македонија има одлив на капитал. Каде се компаниите, нема ниту странски ниту домашни компании. Јавно денеска соопшти амбасадорот на Холандија дека крадат. Затоа имаме само задолжување, пакетот мерки за месец декември не е стигнат и тогаш ќе видите за каква државата станува збор. Еве за проблемот со Бугарија никој не не брани, оти никој не сака корумпирани држави. Економска политика нема во државата, вели Пренџов.

Како што сооптши Регулатоната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од ноќеска на полноќ цените ќе бидат: на ЕУРОСУПЕР БС – 95 61 денар на литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 63 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС 52,50, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 и мазут М-1 НС 30,823 денари за килограм.

РКЕ всушност изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи. Одлуката за усогласување ја донесе зашто престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

-Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This