Пренџов: Во време на kopона пaндeмија нема пари за вakцини, ама имаат за партиски вработувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во време на корона на владата и е полесно милијарди да не задолжуваат, да не набават вакцини и респиратори, ама партиската војска на СДСМ мора да се чува и имаат пари за партиски вработувања, изјави во „Што не е јасно“ на Алфа пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов.
Пренџов владата нема пари ни за земјоделците, ни за угостителите, хотелиерите, тутунарите нема некој задоволен од владата, а го нема ни шестиот пакет на мерки кој одма го најавија и сега молчат.
– Приказните кои ги ветуваа и требаше да ги преточат во резултати, ги преточија во лаги и лажни очекувања. Од толку неисполнети ветувања веќе се заборава што се ветиле. Од 2017 до 2020 ништо не е исполнети, а во 2020 нови ветувања кои не ги исполнуваат. Имаме многу лоша економска ситуација, задолжувања на дневна основа, ќе остават пуста држава како влада. Има проблеми во земјоделие, не се исплаќаат субвенции, немаат пари ни за здравство, за хотелиерите и туриистичките работници, единствено што имаат пари е за привремени партиски вработувања, истакна Пренџов.
Пренџов потенцира дека оваа влада ќе биде запаметена како најнеспособната во историјата на Македонија, а тоа се покажува и по фактот дека се исполнети само 4 од 23 препораки на ГРЕКО.
– Денеска имаме извештај на ГРЕКО кој се занимава со извештаи кои нотираат корупција во држави во развој. Тие им дале 23 препораки, од нив за година и пол реализирале само 4. Со кого да имаме напредок? Викаат дека не може да има вицепремиер задолжен за борба против корупција, бидејќи тооа се финансиска полиција, финансиско разузнавање, антикорупциска, АНБ, МВР, итн. Овие институции треба него да го ловат ако има корупција, а не да бидат пријатели. Бидејќи овие институции се должи да контролираат дали власта краде, нагласи Пренџов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This