Пренџов: „Ги пoвикyвaм cитe пpaтeници yштe yтpe дa дojдeмe вo Coбpaниe и дa ja изглacaмe пoмoштa кoн гpaѓaнитe и cтoпaнcтвoтo“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од „ГРОМ“, Љупчо Пренџов, на својот профил на социјалните мрежи пишува дека веќе е крајно време да се помогне во стопанството бидејќи секојдневно се губат работни места.

Во продолжение статусот на Фејсбук:

„Граѓаните ги плаќаат пратениците да работат во нивни, и во интерес на државата, а не, да лечат лични суети и фрустрации. Се наоѓаме во голема здравствена и економска криза. За првата сѐ уште не набавиле вакцини иако целиот развиен “западен свет” се вакцинира“.

„За економската криза Владата на Р. Македонија има помогнато најмалку во споредба со владите од регионот и ЕУ. Косово кое сѐ уште формално правно не е целосно оформена држава, му помогнало повеќе на сопственото стопанство за разлика од нашата Влада. Помошта е потребна час поскоро. Ги губиме работните места. Го губиме и капиталот кој создава нови работни места. Ги повикувам сите пратеници уште утре да дојдеме во Собрание и да ја изгласаме помошта кон граѓаните и стопанството“.

„Тргнете ја политиката и политиканството, за човечки судбини се работи. Двете “Ковид” точки да ги изгласаме заедно. За останатите може да дискутираме, се рзбира, кога ќе имате “мнозинство” – пишува Пренџов во својата објава на Фејсбук.

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This