ПРЕНЏОВ: ГРОМ е подготвена за парламентарните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата на МРТ1 гостуваше Љупчо Пренџов, потпретседател на ГРОМ кој што посочи дека партијата е подготвена за предвремените парламентарни избори и има изготвено свои програми и платформи се со цел да се подобри животот на граѓаните.


„Ние бевме партија која што уште минатата година во мај бараше предвремени парламентарни избори, бидејќи сметавме дека колку побргу се одржат тие предвремени парламентарни избори тоа ќе биде подобро за Република Македонија. И некаде во септември месец донесовме одлука на централниот одбор на партијата за подигање на кондицијата на сите општински организации, започнавме да се подготвуваме иако се уште немаше распишано предвремени парламентарни избори. И потоа кога поранешниот премиер Заев ги распиша изборите до ден денеска сме во полна кондиција и подготвени за истите“, појасни Пренџов.

Пренџов истакна дека ГРОМ политичка партија има свои програмски определби, има и платформа на партијата. Има и програми кои што ги работи ГРОМ со внатрепартиските комисии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This