April 26, 2024, 12:13 pm

Пренџов: “Гapaнтop зa пocтoeњeтo нa Македонија ce caмo САД”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на ТВ 24, “Само анализа” гостуваше пратеникот од “Гром” Љупчо Пренџов, каде ја истакна реалноста на Република Македонија, односно дека уште од 1944 година Македонија имала стратешки партнер, според него гаранторот е САД..

“Кој е историскиот контекст за ние да дојдеме до 1944 година? Прво ако направиме анализа ќе видиме дека со руско-турските војни од 1828 и 1829 година кога Русија влегува на територијата после Дунав накај Бугарија да дојде до Одеса до Грција, има документи во кои што врховните војсководски на бугарските чети кои што се бореле за руското царство тогаш, на своите војници им велат дека можат да одат по Осоговските планини, до Царев Врв и Рујин и дена маваму не смеат да дојдат бидејќи тоа не биле нивни земји, за тоа има докази. Вториот дел кој што е многу итнересен е тоа што во 1876 г. во Бугарија се дига Априлско востание. Тоа Априлско востание било со цел ослободување на Бугарија од турско ропство. Тоа е крваво задушено. Според списите се вели дека околу 30 илјади бугарски четници биле брутално заклани и било задушено тоа Априлско востание. Следната година 1877 г. од Русија почнува нова руско-турска војна која што имала парола да ги ослободи христијаните на Балканот од турското ропство. Тогаш руската држава влегува кон Турцрија и тогаш завршува. Многу е важно тоа што руската држава практично им прави држава на Бугарија, позната како Санстефанска Бугарија, да биде основ за пазарење со големите европски сили и кога ќе видите кој нив им направил држава и кога ќе видите што се случува во овој Балкански контекст, јас понекогаш се запрашувам дали можеби во оваа приказна има некој друг? Бидејќи нема логика вие да барате, да негирате било какво малцинство затоа што со пописот што се спровел во 25 декември до 31 декември 1946 година во Бугарија се произлезле 160.641 илјади за Македонци во Пиринскиот дел на Бугарија. Ние како држава дека постоиме од 1946 година и тоа било кои македонски политичари кои што јаделе леб од овој народ треба да им биде срам тоа да го зборуваат, бидејќи сите историски факти го зборуваат спротивното.” – истакна Љупчо Пренџов.

Пренџов исто така надополни дека – “Ние немаме држава пријател на Македонија во меѓународните односи, немаме… Едноставно никој не сака да седи со корумпирани политичари. Дали вие знаете дека последната билатерална средба на премиерот Заев со друг премиер освен од соседството, на члекна на Европската Унија е пред да избие аферата “Рекет”. И јас сум за ние да имаме меѓународни пријатели, ние имаме стратешки партнер. Ние македонците мора да разбереме дека сме мала држава и дека мораме да имаме партнери кои ќе бидат гарантор за нашето постоење. Од 1944 г. до 1990 г. гарантор за постоењето на Македонија била Југословенската Федерација. Од 1990 г. па се до ден денешен гарантор за постоење на Македонската држава се САД.” – изјави Љупчо Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This