Пренџов: Дeнec, бeз нитy eдeн дokaз ce ocyдeни лyѓe зa дeлo кoe нe гo cтopилe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ГРОМ Љупчо Пренџов, на социјаланта мрежа Фејсбук коментираше дека, денеска, правото и правдата во Македонија по којзнае кој пат во изминатите децении беа повторно погазени и уништени. Тој додаде дека без ниту еден доказ се осудени луѓе за дело кое не го ни сториле.

Во продолжение објавата на Љупчо Пренџов:

Денес, правото и правдата во Македонија по кој знае кој пат во изминативе 30 години, беа погребани, уништени, погазени…

Денес, БЕЗ НИТУ ЕДЕН ДОКАЗ се осудени луѓе за дело кое не го сториле.

Денес политичкиот прогон добива нови димензии.

После исказите на “нинџа” дека бил во ВМРО на кобниот 27 април се спроведе вештачење на неговиот телефон. Базните станици на движењето на Нинџа покажаа дека истиот на 27 април НЕ БИЛ ВО СЕДИШТЕТО НА ВМРО.Ако не бил, а не бил, тоа ги руши сите негови приказни и по пат на автоматизам и приказните/обвиненијата на самото обвинителството.

Колкава суета треба да имаш за да бараш казна затвор на невини луѓе, само обвинителката и судијата треба да знаат.

После сведочењата на Талат Џафери и десетици пратеници од СДСМ, ВМРО, ДУИ дека Спире, Миле и Трајко немаат никаква врска со немилите настани.

Сведочеше и премиерот Заев дека истите се тотално невини.

Сведочеа и стотици и стотици активисти на ВМРО – ДПМНЕ дека луѓево нит ги организирале нит имале удел во протестите на “За заедничка Македонија”.

Сведочам и јас, како чест посетител на тие протести дека никој за ништо не ме организирал.

Но, правдата во Македонија никако да стане “слепа” како во секоја нормална држава.

Во Македонија правдата има “ококорени очи” при лов на политички неистомисленици.

Можеби некој мисли дека денес извојувал победа во интерес на дневната политика, но сигурен сум дека и правдата и вистината ќе ја добијат “војната”.

Правда ќе има!!! – стои во објавата на Љупчо Пренџов.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This