April 18, 2024, 11:22 pm

Пренџов: ЕУ cигypнo ќe ни пoзaвиди нa пoлитичкиoт ПP и бpojoт нa пpaтeници co зeлeнa aгeндa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов, на социјалната мрежа Фејсбук коментира во однос на како ДУИ станува зелена партија и ќе се посвети на животната средина.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Во 2001 година се идентификуваа со термините “војник и командант”.

Во периодот 2002-2006 беа социјал-демократи.

Во периодот 2006-2008 беа промотори на моделот на консензуална демократија.

Периодот 2008-2015 беа албанската десница во Македонија.

Периодот 2015-2017 беа центар-десничарска партија.

Периодот 2017-2021 повторно се вратија на “социјалдемократските корени”

Денес, 2021 се ребрендираа во “зелени”

Во меѓу време, електоратот треба да заборави на народниот правобранител “псе-јо” и да се концентрира на успесите во 13 годишното раководење со Министерството за животна средина од страна на политичката партија ДУИ.

Како и да е, честитки до новите “зелени” во парламентот. ЕУ можеби не ни завидува на животната средина и квалитетот на воздухот, ама, сигурно ќе ни позавиди на политичкиот ПР и бројот на пратеници со зелена агенда. – пишува Пренџов на Фејсбук.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This