ПРЕНЏОВ: Зврлевски да не подлегне на уцените и заканите и да ги обелодени сите кривични предмети на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отворениот повик на новоизбраниот премиер на Република Македонија Зоран Заев до републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски да си поднесе оставка, беше повод  денеска потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов да одржи конференција за печат. Во својата изјава до медиумите, Пренџов истакна дека како што претпоставуваше ГРОМ, премиерот на Хојт Ји, Зоран Заев уште не седнат во фотеља го покажува своето вистинско лице.

 

  • И покрај тоа што ги загуби изборите од народот, и хистерично ја зграпчи власта преку американски инжинеринг, тој, веднаш потоа, посегна по третата, независна власт во државата- судството. Заев побара оставка од државниот јавен обвинител во момент, кога за него има десетина кривични пријави во основното и вишото јавно обвинителство како и во одделението за организиран кримина. Заев многу добро ги знае овие работи и неслучајно бара смена на Јавниот обвинител. Целта е многу јасна- сите овие пријави да бидат забошотени и се разбира заборавени од страна на правосудните органи во Република Македонија, истакна Пренџов.

Понатаму, во својата изјава до медиумите потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов запраша дали Зоран Заев сака да стане новата Катица Јанева и под изговор на реформи во судството да инсталира партиски обвинителства и партиско судство кое за него ќе обезбеди амнестија, а за политичките противници ќе му обезбеди физичко отсранување од политичката сцена? Исто така Пренџов потсети дека прв демократски принцип во една држава е меѓусебно независна  законодавна, извршна и судска власт. Заев не само што не ја зграпчи извршната власт, тој веднаш сака да си ја присвои и судската.

  • Ние од ГРОМ го охрабруваме Јавниот обвинител Зврлевски да не подлегне на уцените и заканите, туку да ги обелодени сите кривични предмети на Зоран Заев за да може народот да види кој стои на чело на македонската влада. Ако на Заев му се прогледуваше низ прсти додека беше лидер на опозициска партија, сега како премиер неговата одговорност е уште поголема и тој за стореното мора да одговара, со што преку личен пример ќе покаже дека никој не е недопирлив , и тогаш народот ќе поверува дека имаме независно судство, нагласи Пренџов.

ГРОМ како политичка партија остро го осудува немилиот настан кој вчера се случуваше на скалите пред Министерството за здравство. Како политичка партија осудуваме каков било вид на насилство, независно дали станува збор за тоа од 27 април, или ова од 1 јуни. Но според нас како партија, продолжи Пренџов, ова насилство во голема мерка е дозирано и предизвикано од страна на тригодишната бескрупулозна црна кампања која што се водеше против поединци во зависност од времето и од актуелните настани.

  • Сметаме дека политичарите во Република Македонија мора многу да внимаваат за јавно кажаниот збор во поглед на оцрнувањата и демонизирањето на поединци од спротивниот табор. Бараме истрагата да утврди со  кои двајца помошници е сторен грозоморниот чин врз довчерашниот потпретседател на владата на Република Македонија, кој му кажале  каде се наоѓа и кои  го однеле  човекот во семејниот дом на Тодоров со цел да изврши убиство пред неговите жена и деца? Овој случај мора да добие правна разрешница во најскоро време, а пак политичарите и одредени медиуми да внимаваат на изјавите и прилозите бидејќи многу лесно може да предизвикаат несакани настани со далекусежни последици за безбедноста на сите граѓани во Република Македонија, истакна Пренџов.

Потпретседателот Пренџов, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека ГРОМ е дел од коалицијата ,, За подобра Македонија“ и понатаму ќе продолжи да биде, и напомена дека застојот во локалната самоуправа беше предизвикан од политичките калкулации на одредени политички партии и политичари поединци во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This