Пренџов: Милијарда евра потрошени за 4 години…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранитето на Република Македонија од ГРОМ, во објава на социјалните мрежи посочи дека и покрај обидот на СДСМ за дефокус, граѓаните нема да заборават дека живи луѓе гореа поради корупција и непочитување на процедури, ниту пак дека градоначалниците потрошија над една милијарда евра, а граѓаните не видое ниту проекти, ниту било какво подобрување на животот.

„Со пуштање во јавност на „разно-разни“ снимки, „ПР тимот“ на СДСМ смета дека граѓаните ќе заборават на трагедијата во Тетово, каде што животот го загубија 14 лица.
СДСМ смета дека ќе заборавиме да бараме оставка од оној кој лажно ја понуди и сега се прави како ништо да не било, како „да не е од тука“
СДСМ си мислат, ќе заборавиме дека живи луѓе гореа поради „фушерај“, корупција и непочитување на процедури.
Пред локални избори ќе сакаат да говориме за сѐ и сешто, само не за нивните градоначалници кои потрошија повеќе од една милијарда евра, а притоа, никој не ја почувствува промена на подобро во својата општина.
Ова потценување на граѓаните ќе ви се удри од глава на 17 октомври и 1 ноември.
А потоа? Е, потоа следува одговорност“, пишува Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This