Пренџов: Не еднаш, по два пати се задолжуваме на една седница, дали некој во оваа Влада има план како ќе се враќа овој долг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Љупчо Пренџов во своето обраќање на денешната пленарна седница го критикуваше најновото задолжување, второ на денешната седница

„Исто како и претходните седници, веќе почнавме да се задолжуваме по два пати на една седница. Претпладне се задолживме 46 милиони евра за земјоделие, попладне се задолжуваме со нови 100 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија. Дали некој во оваа Влада има план како ќе се враќа овој долг? Кое стопанство ќе го враќа овој долг којшто го правите и се прашувам кој ви даде мандат да катадневно, по два пати на една седница, се задолжува оваа држава“, прашува Пренџов.

Пренџов потсети дека како резултат на континуираното задолжување, кое трае последните четири-пет месеци, долгот достигна над една илијарда евра и тоа само од Собранието. Дополнителни милиони евра согласно закон се задолжува Владата на Република Македонија. Прво имавме 700 милиони евра еврообврзница, потоа имавме 25 милиони евра за енергетска ефикаснот, па 21 милиони за реформи во основно образование, па 70 милиони за автобусите на Шилегов, па нови 37 милиони евра, на пладне 46 милиони евра за земјоделие, па на пладне 100 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија.

„Ова ги минува сите граници на толерантност, сите извештани на сите меѓународни реномирани институции и организации укажуваат дека наглото задолжување, без притоа да имаме план и стопанство кое ќе не раздолжува, земјата на среден и долг рок ќе има сериозни проблеми. Дополнително, зголемувањето на акцизите, на даноците, цените на горивата, струјата.. И се поставува клучното прашање што го поставуваат граѓаните, каде се парите“, прашува Пренџов.

Тој ги посочи официјалните извештаи на владата, според кои само 329 милиони се искористени за поддршка на стопанството.

„Доколку ги видиме последните извештаи, бидејќи ова го зборувате дека е ковид мерка, само 329 милиони оваа влада го има помогнато стопанството. Тоа е документ којшто сами си го објавија на официјалната страна на Владата на Република Македонија каде што стои дека директна помош од буџетот за цела 2020 година плус јануари и февруари од 2021 година е само 329 милиони евра. Тие за помош ги сметаат оние кредити кои беа репрогамирани на населението во државата. Репрограмираните кредити се сметаат за помош, ама не кажуваат дека 34 милиони евра камати на тие кредити, народот си ги плати. Не кажувате дека денеска, додека се задолживте 46 милиони евра до пладне, од Народна банка дојде известување дека инфлацијата се зголемува од 1,5 на 2,2%. Колку посто инфлацијата е зголемена во оваа држава, никој не спомнува.“, рече Пренџов.

Пренџов откри дека според Меѓународниот монетарен фонд заклучно со 21 март 2021 година, оваа влада во здравството, за ковид, потрошила само 20 милиони долари или 16 милиони евра.

„Ako само 16 милиони евра сме потрошиле за здравство, а само 320 милиони евра за директна помош на стопнаствот, каде се рестот од милијарда и двесте милиони што ги задолживте само преку собранието во последните четири месеци и каде се милионите за коишто Владата се задолжува согласно законот, тоа ве молам, почитуван заменик министер да ми одговорите“, се обрати Пренџов кон заменик министер за економија.

Пренџов посочи дека не знае од што повеќе се плашат граѓаните, дали од пандемијата и неспособноста на власта да се справи со истите или со економската криза.

Тој апелираше до власта да престане со политиката „овој месец да си го наплатам арачот од државата“.

„Со политики со задолжување и земање кредити, а без да се откажеме од партиската администрација, да знаете дека на државта и следи мноу лошо сценарио“, заврши Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This