March 29, 2024, 12:07 am

Пренџов: Нoвиoт дoлг од 90 милиoни eвpa oд Светска бaнкa, e зa ce caмo нe зa cпpaвyвaњe co пocлeдицитe од Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од опозициската коалиција „За обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов кој доаѓа од редовите на Граѓанската опција за Македонија, вели дека новиот кредит од 90 милиони евра од Светска банка, кој што вчера беше изгласан во Собранието со 55 гласа „ЗА“ ќе биде искористен за се само не за тоа за што власта вели дека го зема. Односно нема да биде искористен за справување со последиците кои ги предизвика пандемијата со корона вирусот.
Тој ова го истакна во денешната утринска емисија на телевизија Алфа, при што додаде дека целата постапка со донесувањето на законското решение за задолжување се одвиваше брзо без да се има можност за дебата, за анализа и за поднесување амандмани.

– Во Република Македонија завчера се задолживме со нови 90 милиони евра и она што е важно и што јавноста треба да знае дека овој кредит, иако одеше по итна постапка во рамки на Собранието, се задолжуваме со закон донесен по итна постапка, без да има многу време за анализа, за дебата, за амандмани. Тоа се е скратено, а суштина е тоа дека овој кредит е преговаран со Светска банка во месец март, сега сме октомври, тое е пред седум месеци и испреговаран е на овој начин, истакна Пренџов.
Тој појаснува дека иако заемот се догова уште од месец март кога Македонија имаше техничка Влада, и кога Државната изборна комисија донесе одлука дека тогашната министерка за винансии, Нина Ангеловска можеше сама, без потпис од тогашната заменик министерка Гордана Димитриеска-Кочоска, самата да го потпише. Ниту таа, која што после тоа ја сменија, ниту новиот министер за финансии, кој исто така имал можност истот заем да го потпише тоа не го прави. Пренџов додава дека со цел да ја избегнат нивната одговорност за заемот, кој најверојатно нема да се троши наменски, праќаат законско решение за задолжување во Собранието на Македонија, со цел одговорноста да биде колективна. Аа, додава тој колективна одговорност по закон нема.

– Во тој период, знаете дека имаше техничка Влада и дека опозицијата имаше свој технички заменик министер во министерството финансии и госпоѓата не сакаше да го потпише тоа, бидејќи ова за кое што се задолжува Република Македонија е се освен за КОВИД, односно последици од КОВИД-19. Постоа, знаете дека во тој период премиерот Заев инсистираше, па дури и дадоа на Државна изборна комисија да одлучи, дали може Ниана Ангеловска, претходниот министер од СДСМ да го потпише сама. Тогаш ДИК кажа дека да, Нина Ангеловска може сама да го потпише овој заем. И видете, од арпил до ден денешен таа не го потпиша. Ја сменија, дојде нов министер и сега, место тој да го потпише заемот, одиме со законско решение, каде што целата одговорност треба да биде колективна, бидејќи колективна одговорност не постои и се префрла во рамки на Собранието на Република Македонија, кој со 52 гласа Македонија се задолжи, рече Љупчо Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This