April 27, 2024, 12:19 am

Пренџов: Од пpимapнo знaчeњe ceгa тpeбa дa бидe здpaвjeтo нa гpaѓaнитe и cпpaвyвaњeтo co Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние живееме во ек на голема пандемија, ние живееме во ек на огромна финансиска криза, ние живееме во време каде имаме огромни задолжувања а истовремено имаме пад на економијата, имаме голема економска неизвесност, голема здравствена неизвесност, немаме вакцини. Едноставно сметам дека кога одиме на избори, одиме со понуда за граѓаните за тоа како да им го подобриме нивното живеење и нивниот живот. За тоа изборниот модел според мене би било да се разговара како топ тема во јавноста и во Собранието, би било себично од страна на политиката бидејќи сметам дека политиката не постои за тоа како да се оди на избори и кој се ќе влезе, и на кој како му одговара во даден момент туку политиката пред се постои за тоа ние земаме впрочем плата за да им го подобриме животот на граѓаните, нагласи Љупчо Пренџов, пратеник од Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Пренџов додаде дека животот во последните 3-4 години воопшто не е добар, луѓе ни се иселуваат и мислам дека системот во државата поради СДСМ се распаѓа.

„Правото и правдата се се подалечни од граѓаните“, нагласи Пренџов.

Пренџов посочи дека во моментов од примарно значење за политичарите треба да биде здравјето на граѓаните и справувањето со КОВИД-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This