Пренџов: Aкo ce глeдa тpeндoт oд пpвиoт кpyг, СДСМ ќe ги зaгyби избopитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не би било пресврт доколку гледаме објективно ако Стефче Јакимовски победи во Карпош, тој го победи кандидатот на СДСМ и во 2013 година. Тогаш на СДСМ кандидат беше Андреј Петров, а во тој период го обвинуваа на пример зошто се саделе цвеќиња на Партизанска, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето во Студио 10 на телевизија 24.

„Коалицискиот капацитет на СДСМ најдобро се виде на една дебата во која беше Петре Шилегов, а останатите и оние блиски до нив рекоа дека нема да гласаат за него. СДСМ се плаши од коалицискиот капацитет на опозицијата“, вели Пренџов.

Според него е јасно ако се гледа трендот во првиот круг јасно е дека ќе губи СДСМ и во следниот, втор круг.

„На пример и да победи Максим Димитриевски во Куманово тоа нема врска со СДСМ, тоа е нивни пораз. Неговата кампања и делување не личи на ништо што прави СДСМ“, вели Пренџов.

Мислам, дели тој, дека СДСМ, нема никаков коалициски капацитет и затоа Шилегов нема да помине добро во втор круг.

„За разлика од него Данела Арсовска е освежување на политичката сцена, а тоа му е потребно и на Скопје“, вели Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This