Пренџов: Cyдcкиoт cиcтeм пopaди влacтa e нa cтaклeни нoзe, нeмa пopa вo дpжaвaтa кoja штo нe e кopyмпиpaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јас како личност, како пратеник не ги гледам овие дебати како „За“ и „Против“ во комисијата. Зошто? За тоа што сметам дека на било која тема кога вие ќе имате јавна расправа во која ќе бидат експерти на таа тема секогаш може да научите повеќе со цел да имате еден подобар закон, доколку тој закон би поминел на крајот на денот. Што се однесува до денешниот ден на јавната расправа ќе учествуваат покрај нас пратениците поканети се професорот Калајџиев, професорот Борче Давитковски, Маргарита Цаца Николова која што и беше судија во Стразбур, професорката Гордана од Правниот факултет, тука ќе биде и адвокатот Тони Менкиноски, Панче Тошковски, Ружица Николовска и уште 20-тина други експерти“, истакна Љупчо Пренџов пратеник од Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Пренџов додаде дека судскиот систем во државата за голема жал е на стаклени нозе, едноставно граѓаните се помалку и помалку имаат доверба во овој судски систем. Тоа не го говори само опозицијата, туку го говорат меѓународните институции.

„Меѓународните институции за жал во последниве неколку години го оценуваат судскиот систем се понегативно и понегативно. Така беше и на последниот Извештај“, појасни Пренџов.

Пренџов посочи дека и Вархеј уште минатата година донесе Извештај во кој што пишуваше нема пора во државата која што не е корумпирана.

„И кога вие имате толку многу корупција, а толку малку луѓе одговараат за таа корупција, тогаш оправдано е граѓаните што имаат негативни оценки за доверба во однос на правосудството и обвинителството“, рече Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This