ПРЕПОРАКИТЕ НА ПРИБЕ НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ: Ништо не е сменето во следењето на комуникациите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ништо не е сменето во следењето на комуникациите, препораките на ПРИБЕ не се почитуваат, значи целата идеја на тој монопол беше да УБК не постои со формирањето на ОТА. ОТА да биде медијациска агенција која што ќе посредува помеѓу корисниците на следените комуникации односно на оние институции кои имаат законско право за следење на комуникации. Но, ете тие се уште немаат пари,немаат одредени капацитети за следење, немаат опрема за следење на комуникациите, но и по ново дел од опремата треба да се наоѓа и кај крајните корисници на пример царинските или финансиски и организиран криминал и така натаму, изјави универзитетскиот професор д-р Александар Нацев во “Што не е јасно” на Алфа телевизија.

Инаку следењето на комуникации може да се врши по две основи, вели Нацев.

За потребите на кривичните истраги и тогаш мора да биде преку ОТА и другиот дел е за потребите на безбедноста и одбраната и тука мора да се бара дозвола од врховниот суд.

-Но, на хартија сето ова звучи добро. Остана можност службите сами да следат. Официјалната приказна беше дека тактичката опрема АНБ ќе ја предаде на ОЈО. Но, тука остана голема дилема и едно големо прашање дали е тоа така, дециден е Нацев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This