Препораки за заштита од утрешниот топлотен бран- жолта фаза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци, се само дел од препораките на Министерство за здравство (МЗ) по најавата на УХМР дека Македонија утре ќе биде под влијание на топлотен бран од жолта фаза.

МЗ посебно препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

– Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка. Пред влегување во возило, тоа да се проветри, да се внимава при подготовка и консумирање на храната, да се избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца и внимателно да се јадат сладолед и разни кремови, наведува Министерството.

Согласно најавата на УХМР, под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на оваа и во текот на идната недела, температурите ќе бидат над 30 степени, а долж Повардарието и над 35. 

Повеќе информации и препораки за заштита од топлотен бран континуирано се дистрибуираат на www.toplotnibranovi.mk.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This