ПРЕПУКУВАЊА ВО СЈО: Катица Јанева незаконски избркала две обвинителки, откако не успеала да ги намести за проневера од 400.000 евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Која е вистинската причина за разрешување на двете јавни обвинителки од првиот тим на СЈО, Марија Ѓорѓева и Лејла Кадриу, на кои Катица Јанева само три месеци по формирање на тимот им се „заблагодари“ за соработката и буквално за 5 минути ги исфрли од просториите на тогашното Специјално јавно обвинителство, сместено во Палатата „Кузман“, во близина на студентскиот дом „Кузман“ во Скопје.

Сведок, од документите на Советот на јавни обвинители кој расправал во неколку наврати за овој проблем, ќе ви пренесе детали кои до сега не биле објавени во јавноста.

По речиси две и пол години, заклучокот кој бил донесен тогаш е дека: Катица Јанева незаконски и без никаков основ ги разрешила двете обвинителки, а со постапката ги повредила нивните права, била дрска и арогантна, употребила и полиција иако за тоа немало никаква потреба, а го лажела и Советот на јавни обвинители во дописите до него, во кои меѓу другото пишувала дека обвинителките сами сакаат да го напуштат СЈО и да се вратат во обвинителствата од кои што дошле (Скопје и Тетово).

Но, меѓу редови од документите на СЈОРМ може да се заклучи и дека Катица Јанева пред буквално да ги избрка обвинителките, побарала од едната од нив да и потпише покритие за 400 илјади евра, пари кои наводно биле потрошени за тендери/јавни набавки што ги спровела сега отстранетата обвинителка.

 

За потсетување, првиот тим кој го предложи Катица Јанева во кој влегоа 12 обвинители плус нејзе до крајот на 2015 година имаше на располагање буџет од милион евра (за период септември-декември), а веќе наредната 2016 година Буџетот беше проектиран на 4 милиони евра.

-На крајот на декември 2015 година, Катица Јанева побарала од една од двете сега тргнати обвинителки да и потпише дека спровела тендери и јавни набавки во вредност од околу 400 илјади евра. Кога видела што се бара да потпише и да легализира, јавната обвинителка одбила со образложение дека ни пари видела, ни набавки спроведувала. За неполни три недели следувала одлуката на Јанева да се тргнт двете обвинителки – објаснува тогашен член на Советот на јавни обвинители, чиј состав расправаше и беше затечен од постапката на Јанева, не можејќи да најде начин како да ги вратат назад во матичните обвинителства двете обвинителки.

Советот на јавни обвинители за разрешувањето и физичкото отстранување на двете обвинителки дознал по 20 јануари 2016 година, кога разрешените обвинителки се обратиле до Советот и побарале заштита бидејќи на позициите во СЈО, тие биле избрани со одлука на Советот.

-Двете јавни обвинителки по изборот работеле во иста канцеларија. Нив, како и на сите други, во работа им биле дадени предметите кои по пријава на СДСМ биле поднесени до ОЈО Скопје, а од таму преземени во СЈО. Во тој период, во СЈО не биле доставени т.н. бомби од страна на СДСМ. Тие се доставени на крајот на декември 2015 година, биле заклучени во посебен сеф и до денот на нивното разрешување 20 јануари 2016 година, на двете обвинителки не им се дадени никакви прислушувани материјали за работа, ниту пак имале допир до нив – ги објаснува документите член на Советот, раскажувајќи што утврдиле и од распитот на обвинителките и од нивниите писмени изјави.
Документите покажуваат дека двете обвинителки биле повикани од Катица Јанева во втората половина на јануари 2016 година, по празниците, и било побрано од нив да напишат изјави од нив дека сакаат да се вратат во матичните обвинителства бидејќи веќе не се дел д тимот „затоа што не се тимски играчи“. Двете обвинителки го одбиле ова барање на Јанева и и рекле сама да напише таква изјава. Јанева им наредила да се спакуваат веднаш, да ги предадат предметите и да седнат во канцеларијата на полицајците, кои откако ќе ги претресат, веднаш да ги изнесат надвор од СЈО.

Сите што гледале, вклучувајќи ги и двајцата обвинители што ги презеле нивните предмети биле затеќени од однесувањето на Јанева. олицајците биле крајно коректни кон обвинителките – откриваат документите за случајот.

-Поради намален обем на работа нема потреба од двајца јавни обвинители и дека јавните обвинителки сами побарале да бидат вратени во Основните јавни обвинителства. Јавните обвинители не биле разрешени порди нестручност и непрофесионалност, напротив Катица Јанева имала позитивно мислење и никакви забелешки во поглед на извршување на работните задачи за време додека ја извршувале функцијата јавен обвинител во јавното обвинителство – пишува во изјавата што Јанева им ја доставила на членовите на Советот, а која според сите нив е лажна во делот дека сами сакале да го напуштат СЈО.

Но, бидејќи јавните обвинителки Марија Ѓорѓева и Лејла Кадриу изјавиле дека тие не барале сами да е вратат назад, туку Јанева надвор од процедура ги разрешува, Комисијата формирана да го испита случајот и Советот заклучиле дека: постојат очигледни пропусти во постапувањето и организациското работење на Специјалното јавно обвинителство СЈО, и дека во иднина сите дејствија од овој тип (евентуални разрешувања) треба да се во консултација со Советот на јавни обвинители. Воедно, треба да се најде решение за јавните обвинителки Марија Ѓорѓева и Лејла Кадриу а Советот да донесе одлука за намалување на бројот на обвинители во СЈО од 12 на 10.

Еден од членовите на Советот констатирал дека Катица Јанева во случајот покажала драстично непочитување на Законот за кривична постапка, Законот за Советот на обвинители и Законот за јавното обвинителство. Констатирал и дрскост и самоволие на Катица Јанева со оваа одлука, како и дека Катица Јанева го лажела Советот во дописите што ги испратила.

 

Повеќе на Сведок.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This