ПРЕСВРТНИЦА ИЛИ ПАРАДА: Пет предлози за името Македонија, против едно тајно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас во четврток доаѓа во посета на Скопје, каде со највисоките македонски претставници ќе разговара за нацрт-предлозите за идното име на Македонија, кои владите на двете земји ги разменија во последните неколку дена – пренесува Спутник

Според пишувањето на грчките медиуми, Атина во Скопје испратила пет предлози за ново име – Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Диитров изјави дека македонските власти ги анализираат грчките нацрт-предлози и дека постојат разлики во однос на предлогот кој Атина го испратила до Скопје.

Аналитичарот Александар Митовски од Центарот за истражување и Анализа се сомнева дека посетата на грчкиот министер за надворешни работи ќе ги приближи ставовите на Македонија и Грција, а како главна причина го наведува силното противење на јавноста во двете земји.

„Македонската јавност не дозволува името на државата да добие географска одредница, додека грчката јавност остро се противи на името Македонија, бидејќи сметаат дека на тоа име тие полагаат право. Да се потсетиме на протестите по тој повод кои се одржаа во Грција и кај нас, а треба да се има во предвид дека и во владата во Атина постои силна опозиција на премиерот Алексис Ципрас, која не дозволува тој да прифати било какво решение. Исто така, македонскиот народ, интелектуалците и аналитичарите одбиваат решение кое би го загрозило националниот идентитет, па не гледам дека во иднина би можело да се дојде до некое решение“, оценува соговорникот за Спутник.

Митовски не е изненаден ниту од фактот дека македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров не сакаше да и открие на јавноста што содржи предлогот кој Атина го испрати до Скопје. Како што вели, за разлика од грчката влада, која е многу транспарентна кога станува збор за преговорите со Македонија, властите во Скопје се таинствени и постои своеврсен мораториум на информациите до кои медиумите и граѓаните можат да дојдат.

„Кога станува збор за состанокот со Коѕијас, не очекувам дека било што посебно ќе се случи. Тоа е само парада на која владата во Скопје ќе покаже дека е направен чекор во градењето на добри односи и пријателство со Грција, а најголемата поента е во тоа што Коѕијас ќе слета на македонскиот аеродром кој неодамна беше преименуван од ‘Александар Велики’ во ‘Меѓународен аеродром Скопје’“.

Колку за потсетување, ниту еден грчки политичар нема слетано на македонски аеродром во последните дваесетина години, па мислам дека ова е само пи-ар стратегија за двете влади да можат да кажат дека градат добри односи“ – категоричен е Митовски.

Според неговото мислење, состанокот со шефот на грчката дипломатија во Скопје ќе биде само припрема за она што ќе се случува во Виена на 30.март, кога македонскиот и грчкиот министер ќе се сретнат со Метју Нимиц, специјален посредник на ОН во спорот помеѓу Атина и Скопје.

На прашањето дали очекува додатен притисок од Западот врз Македонија и Грција во насока на пронаоѓање на компромис, Митовски влеи дека Атина, за разлика од Скопје, е имуна на притисоци.

„Македонија поради името е под притисок веќе три години, додека нас историјата не учи дека притисоците врз Грција немаат ефект. Познат е случајот со грчко-турските преговори околу Кипар. Америка ја притискаше Грција, која даде ‘зелено светло’ за еден договор. Потоа ги притиснаа и Турците кои го прифатија договорт, по што Грција се откажа од истиот. Оттука, не гледам кој би можел да изврши притисок врз Грците да прифатат она што не сакаат“, заклучува Митовски за Спутник.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This