Пресврт во пaндемијата: Научниците со откритие кое може да му стави крај на коронавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новото истражување на научниците покажа дека сончевата светлина го деактивира вирусот корона осум пати побрзо во експериментални услови отколку што е предвидено со теоретски модели, што дава надеж дека е возможен пресврт во пандемија.

Паоло Лузато-Фегис, експерт за машински инженеринг од Универзитетот во Калифорнија, ги анализирал студиите од минатата година кои ги проучувале ефектите на различните форми на ултравиолетово зрачење и по тој повод откриле значителни разлики.

„Теоријата претпоставува дека деактивирањето работи со тоа што УВБ зракот ја оштетува РНК на вирусот“, изјави тој, пренесува „Science Alert“.

Инаку, сончевата светлина содржи три вида на ултравиолетови зраци: УВА, УВБ и УВЦ.

Првиот е типот што го сочинува најголемиот дел од ултравиолетовото зрачење што достигнува до површината на Земјата, а тоа се подолги бранови кои немаат доволно енергија за да предизвикаат поголеми проблеми. УВБ брановите со среден опсег можат да уништат микроби и да предизвикаат изгореници на човечка кожа.

Од друга страна, УВЦ се состои од пократки, посилни бранови должини на светлината, за кои претходно се покажа дека деактивираат вируси како што е САРС-КоВ-2, а е предизвикано од Ковид-19.
Сепак, овој вид на ултравиолетово зрачење обично не доаѓа во контакт со површината на Земјата поради озонот во атмосферата што го филтрира.

Експериментална студија во јули минатата година ја тестираше јачината на УВ зрачење на САРС-КоВ-2 во симулирана плунка и покажа дека вирусот се деактивира за помалку од 20 минути.

Следниот месец беше објавена теорија според која сончевата светлина може да го постигне истиот ефект.

Заклучокот од таа втора студија беше дека САРС-CoV-2 е трипати почувствителен на УВ зрачење на сончева светлина отколку вирусот на грип А, додека повеќето честички од вирусот корона се инактивираат по само половина час изложеност на летна сончева светлина. Од друга страна, под зимската сончева светлина, вирусот може да преживее со денови.

Истражувачите веруваат дека е можно, наместо да делува директно на РНК, УВА зрачењето да може да комуницира со молекули за да ја забрза деактивацијата на вирусот.

Оваа студија исто така сугерира дека УВА-зраците може да се користат за опрема како што се системите за прочистување на воздухот за да се обезбедат ефтини и енергетски ефикасни средства за намалување на ширењето на вирусните честички.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This