ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ 27-МИ АПРИЛ: Весел Мемеди и Оливер Спасовски го урнаа обвинението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од коалицијата на Алијасната за Албанците целосно го урниса обвинението на Јавното Обвинителство за тероризам на 27 април. Весел Мемеди, Никола Тодоров, Зоран Заев и Оливер Спасовски со своите сведочења целосно ја урнисаа приказната на обвинителството дека на 27-ми април имало „усогласени и координирани дејствија со цел да се спречи изборот на Претседател на Собранието на Република Македонија“,какви што се тврдењата на обвинителката Вилма Рускоска во случајот за 27 април во кој на 33-ца обвинети меѓу кои има уметници, интелектуалци, доктори и пратеници им се заканува доживотен затвор.

Екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров во своето сведоштво пред судот истакна дека никој од пратеничката група на ВМРО ниту очекувал ниту знаел дека парламентарното мнозинство ќе бира претседател на 27-ми април, туку дека и тој ден како и претходните 30-тина од почетокот на конститутивната седница ќе мине вообичаенo, со што се негира моментот на „организиран план и координирани дејствија“ за какви обвинителството тврди дека биле дејствијата преземени од обвинетите за тероризам на 27-ми април.

Сведочењето на поранешниот колега го потврди и Весел Мемеди од Алијанса на Албанците кој воедно беше клучен за изборот на мнозинството од 61 пратеник и кој гласаше за Џафери. Тој сведочеше дека на 27-ми април му било досадно цел ден, бидејќи бил ден како и секој претходен, а му било досадно бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги одолговлекуваше седниците со бесконечни процедурални реплики кои меѓусебно си ги упатуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Мемеди исто така потврди дека дури ни тој не знаел за никаков план дека мнозинството во кое е и тој, ќе бира претседател на Собрание токму тој ден. Дури откако завршила пленарната седница во 18 часот дознал дека дента ќе го бираат Џафери.

Со овие сведоштва целосно се потврдува тезата дека не можело да има усогласени и координирани дејствија, и дека немало никаков претходен план за спречување на изборот на Џафери како што тврди обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи дури ни пратениците кои го бираа Џафери не знаеле дека на тој ден ќе се избира претседател на Собранието.

Минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски исто така ги потврди сведочењата на пратениците, со што целосно се урна лаѓната квалификација на Рускоска, со тоа што истакна дека изборот на Талат Џафери на 27-ми април бил веќе завршен кога започнале немилите настани. Спасовски во судницата истакна дека на крајот на седницата мнозинството избрало претседател и се упатиле во прес салата за да го соопштат тоа на јавноста.Со ова целосно се урива приказната на Рускоска дека целта била да се спречи изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, бидејќи Џафери бил веќе ,,изгласан” кога граѓаните влегле во собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This