Преслушана првата „бомба“ во случајот Тревник, Латас договара изградба на викендица и базен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот разговор е од мај 2011 година, во кој, Латас, разговара со Злате Анастасов, управител на фирмата „ДИЗ Оил”. „Ние направивме пат, а газдата го нема”, на шега му вели Анастасов на Латас при обработката на земјиштето за изградба на пат. Латас му одговара дека очекува да почнат и втора и трета фаза.

„До 12 на полноќ ги качувавме машините, па луѓе се собраа…”, му раскажува Анастасов на Латас.

Латас бара СЈО да докаже автентичност на бомбите. Според него, беспредметно да се донесе пресуда врз основа на бомбите за што е предвидена казна затвор од најмалку 4 години.

Во случајот покрај Латас, се обвинети и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ. Според обвинението, тие изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Одбраната го спори телефонскиот разговор како ирелевантен доказ.

-Ако ова е доказот иако не покажува никакво инкриминирано дејство се поставува прашањето за надлежноста на СЈО да го претставува овој предмет. Овој телефонски разговор јавно не беше објавен на прес конференција од СДСМ. Се поставува прашањето како е прибавен, имајќи во предвид дека за Латас во јавноста излегоа многу снимки необјавени од СДСМ па тука се поставува прашањето дали снимките се прибавени во законска процедура или се прибавени на незаконит начин како што и на незаконит начин се снимани – рече адвокатката Анита Бегова.

Претходно, судот го одби барањето на одбраната јавноста да биде исклучена при преслушување на два од 137 разговори затоа што, како што образложи судот, јавниот интерес преовладува над приватниот. Сепак, судот го профати предлогот јавноста да биде исклучена на почетокот од двата прислушувани разговори, додека да биде присутна во делот кој претавува доказ во прилог на обвинението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This